Чонески: Добредојдовте во Крушево – градот на спортот, природата и предизвиците
Второто издание на Krushevo MTB Challenge, ќе се одржи на 21 јуни 2026 година на ски терените Станич во Крушево, со почеток во 10 часот. Учесниците ќе имаат можност да изберат помеѓу:
“Нашиот град повторно ќе биде домаќин на врвен спортски настан кој ги обединува љубителите на планинскиот велосипедизам, спортот и природата.
Крушево нуди уникатни планински патеки, прекрасни пејзажи и одлични услови за спорт и рекреација. Верувам дека и оваа година ќе бидеме домаќини на голем број велосипедисти од целата држава и пошироко. Ги поканувам сите спортисти, рекреативци и љубители на активниот туризам да бидат дел од овој настан и да го почувствуваат духот на Крушево. Добредојдовте во Крушево – град на спортот, природата и предизвиците!” – истакна Чонески.
