Членовите од прилепскиот клуб “Авантгард” цели 6 дена беа дел од кампот за ритмичка и естетска гимнастика кој се одржа во Прилеп

Сподели го ова:





























Во Прилеп, успешно заврши шест дневениот камп по ритмичка и естетска гимнастика, кој го водеше Денислава Георгиева – европскиот и светскиот шампион во естетска гимнастика, личноста која има многубројни достигнувања во меѓународните и државните натпреварувања.

Овој камп го посетија членовите од прилепскиот клуб за ритмичка гимнастика “Авантгард”, кои беа дел од овој шест дневен камп кој беше реализиран во градот под Марковите Кули.

За нашите прилепчанчиња, изминатите шест дена беа одржани високо професионални тренинзи, кои се реализираа преку четири часовна програма, меѓутоа кампот имаше и индивидуални тренинзи кои опфаќаa вежби и до 8 часа дневно.




Сподели го ова:

Слични објави