Бозоски, со деман против лажните обвинувања кои беа насочени кон него
Заменик градоначалникот на Општина Прилеп, Диме Бозоски, излезе со деман против лажните обвинувања кои беа насочени кон него. Во демантот Бозоски истакнува:
“Од страна на повеќе веб портали, како и на социјалната мрежа “facebook” беа објавени текстови дека јас како заменик градоначалник на град Прилеп незаконски сум уривал и градел заштитен објект од културно наследство.
Во целост ги демантирам овие наводи и тврдења, кои беа изнесени и објавени по веб порталите и на социјалните мрежи. Предметниот објект на улица Браќа Ламески во Прилеп не спаѓа во категоријата на објекти кои се под заштитно културно наследство, за што во прилог на овој демант објавувам и известување од НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Прилеп.
Невистинити и неосновани се изнесените наводи дека предметниот објект се гради незаконито, за овој проект е постапено согласно закон и истиот поседува соодветна документација издадена од страна на надлежна институција, односно постои Основен проект, како и Решение издадено од ЕЛС Општина Прилеп” – истакна Бозоски.
