Јовчески го пречека Сашо Башески, победникот на ,,Никад није касно“

Сподели го ова:





























Денеска, прилепскиот градоначалник Борче Јовчески во неговиот кабинет оствари средба со нашиот прилепчанец, Сашо Башески, победник во големото регионално музичко шоу ,,Никад није касно“.

Иако се занимава со музика повеќе од три децении, нашиот сограѓанин докажа дека навистина никогаш не е касно за нови успеси и победи. Сашо нѐ направи горди што имаме вакви таленти меѓу нас. Во името на Локалната самоуправа на Општина Прилеп, му посакав уште многу успеси понатаму во неговата музичка кариера. Тој секогаш ќе ја има потребната поддршка од Општина Прилеп – истакна Јовчески.



Сподели го ова:

Слични објави