Божја убавина во Крушево! Реки од народ на литијата во чест на Свети Климент Охридски
Денеска во Крушево, голем број на благочестиви христијани во 17 часот во храмот „Свети Никола“ беа дел од Вечерната богослужба во спомен на патронот на нашата Македонска Православна Црква – ОА, Свети Климент Охридски. После вечерната богослужба, со неговите мошти и моштите од другите светители, се одржа свечена Литија по улиците на градот Крушево.
Голем број на верници се поклонија на моштите на нашиот патрон и заштитник на целиот наш Македонски народ, светиот Климент Охридски! Литијата започна од храмот „Свети Никола“, при што истата се одвиваше по крушевската главна улица, а заврши со повторно враќање во храмот.
