И денеска во Битола, Интернационалниот фестивал на монодрама нуди богата програма
До 29 април, Битола повторно стана светска театарска сцена каде еден актер е доволен за да создаде цел универзум од емоции, приказни и трансформации.
27. Интернационален фестивал на монодрама- Битола ја носи пред публиката официјалната програма со внимателно избрани претстави од различни земји, уникатни актерски интерпретации и силни сценски исповеди кои го слават најчистиот облик на театарот – монодрамата.
Со голем успех и беспрекорна организација поминаа неколку од седумте фестивалски денови, а денеска на сцената во Битола ќе можете да погледнете:
