Аплицирајте! Општина Прилеп ќе стипендира прилепски студенти на Економски факултет – Прилеп

Сподели го ова:





























Јавен повик за студентски стипендии од Општина Прилеп!

Драги студенти,
Општина Прилеп продолжува со својата поддршка за младите и нивното образование. Денеска објавивме Јавен повик за доделување на стипендии на студенти од нашата општина кои се запишани во прва година на Економски факултет – Прилеп, во прв уписен рок.

 Стипендиите се наменети за:

-најдобрите студенти, кои се истакнале со својот успех и постигнувања,

-студенти од социјално ранливи категории, на кои оваа поддршка им е особено потребна.

 Рокот за аплицирање е 5 дена од денот на објавувањето, а пријавите се доставуваат во Општина Прилеп – преку Архивата на Оштина Прилеп до Комисија за општествени дејности и заштита на правата на децата во затворен плик со намена “за доделување стипендии на студенти од Општина Прилеп“ со назнака „НЕ ОТВОРАЈ“, име и презиме и адреса на барателот.

Со оваа мерка покажуваме дека Прилеп вложува во иднината, давајќи им шанса на младите да се развиваат, да учат и да останат да градат успешна кариера токму овде – во својот град.

Целиот јавен повик со деталите и потребната документација е достапен на официјалната веб-страница на Општина Прилеп: https://www.prilep.gov.mk/javen-povik-za-dodeluvanje…/




Сподели го ова:

Слични објави