ВМРО-ДПМНЕ до крушевскиот градоначалник: Дали се занимававте со предизборни калкулации и паради, додека националното наследство на Крушево остануваше на забот на времето?
Сподели го ова:
ОК на ВМРО ДПМНЕ – Крушево упати повеќе прашања до крушевскиот градоначалник Томе Христоски дали се занимава со предизборни калкулации и паради, додека националното наследство на Крушево остануваше на забот на времето додоека централна власт беше СДСМ.
“Прашање до градоначалникот Томе Христоски и претходната централна власт предводена од СДСМ:
Што направивте за заштита на споменикот „Македониум“ и културните установи во Крушево?
Дали го чекавте времето да ја избрише нивната вредност?
Дали се занимававте со предизборни калкулации и паради, додека националното наследство на Крушево остануваше на забот на времето?
Граѓаните заслужуваат чесно, одговорно и посветено водство – време е Томе и СДСМ да објаснат кои конкретни чекори презедоа за да ги заштитат симболите на нашиот град, наместо празни ветувања и игнорирање на историското наследство.
Општина Крушево во изминативе години не покажа ниту визија, ниту капацитет да се грижи за локалната инфраструктура, а сега бара да управува со споменик од национално значење.
Да бидеме јасни: „Македониумот“ е изградба на сите граѓани и ќе остане под надлежност на државата. Централната власт веќе инвестира во неговата санација, а секој друг повик е обид за политичка манипулација и бегање од реалните проблеми во Крушево – иселувањето, невработеноста и слабата локална економија.
Културното наследство на Македонија е национална вредност. Споменикот „Илинден – Македониум“ и националните установи во Крушево се дел од историјата и идентитетот на целата држава. Затоа тие мора да останат под државна грижа, со јасна стратегија за конзервација и промоција на меѓународно ниво.
Општината е добредојден партнер во управувањето, но не и единствен носител на одговорност. Само заедно – државата и локалната самоуправа – можеме да обезбедиме овие симболи да се зачуваат за идните генерации” – порачаа од ОК на ВМРО ДПМНЕ -Крушево.
Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, преку својата објава на социјалните мрежи денеска упати реакција за како што самиот истакна „неумесните квалификации“ изнесени од страна на еден советник во Советот на Општина Битола, кои се поврзани со културните настани и развојот на Битола. Неговата објава ја пренесуваме целосно во прилог: “Лошо е да се лаже, посебно…
Големиот празник Богојавление – Водици денес традиционално беше одбележан со чинот на положување на светиот крст во водите на реките и базените во Прилеп и населените места.Утрово во црквата Св. Благовештение во Прилеп после традиционалното пуштање на гулабите во 07:00 часот и свечената божествена литургија која што се одржа, во 09:30 часот беше симболично одржано…
Македонскиот народ сеуште не може да се совземе од големата трагедија, која пред само неколку дена и се случи на младата Фросина Кулакова, која загина откако беше прегазена во Скопје. Мајката на Фросина, објави жалосна објава на социјалните мрежи, во која се вели: “Почитувани родители, млади луѓе-идни родители. Душава ми гори од болка, а срцето…
о финалниот настан на едукативната активност „Имам став”, која се одржа на 02.05.2023 во салата „Борис Трајковски” во Собранието на Република Македонија, нашите гимназијалци постигнаа голем успех освојуваќи второ место! За овој висок пласман заслугите им припаѓаат на нашите ученици: Андреј Андреески, Марио Пеливаноски, Филип Тренкоски, Филип Станкоски, Стефани Стојческа, Димитар Зердески, Андреј Зојчески, Михаил…
После успешно завршената полусезона и опстанокот во Супер лигата, РК “Прилеп 2010” започна со креирањето на новиот тим за наредната натпреварувачка сезона. Прво официјално засилување за екипата на Прилеп е Александар Тренчевски, искусниот пикер кој повторно се враќа на домашен терен. Тренчевски во својата кариера настапуваше и за екипите на Вардар Јуниор, Зомимак, Струга, Паргас…
Битолскиот пратеник Пеце Милевски, гордо и достоинствено изрази огромна почит кон загинатите од масакрот кај Вејце, положувајќи свежо цвеќе пред загинатите битолски бранители. Масакрот кај Вејце, се случи на денешен ден пред пред 24 години (28 април 2001 година). Во таа пеколна 2001 година додека траеше воениот конфликт во Македонија, во масакрот загинаа 8 припадници…