Абрашоски најавува дека овој месец ќе биде посветен на зеленилото во Прилеп со засадување на различни видови на дрвја на повеќе локации

Сподели го ова:





























Во соработка со Локалната самоуправа , в.д. директорот Рубично Абрашоски, најавува дека овој месец ќе биде посветен на зеленилото во градов, со засадување на различни видови на дрвја на повеќе локации.Дрвја од видот платан засадуваа денеска комуналците во паркот кај Основниот суд и во парковите во населбата Димо Наредникот. Со оглед што на 21 март е Ден на пролетта, или Ден на екологијата, комуналците овој месец го посветуваат на зеленилото, со засадување на нови садници, одржување и фито заштита на постојното зеленило.




Сподели го ова:

Слични објави