Успешен почеток на манифестацијата „Млеко 2022-Како да го биеме млекото?“
Денеска, прилепскиот градоначалник Борче Јовчески заедно со претседателот на Совет на Општина Прилеп – Дејан Проданоски, ја посетија манифестацијата наречена „Млеко 2022: Како да го биеме млекото?“.
Преку примерот на автентично биено сирење кое што ја отсликува нашата богата македонска традиција, се надеваме дека денес на овој фестивал ќе се отворат важни дебати од кои би произлегле конструктивни идеи околу иднината и напредокот на нашето сточарство и млекарство. Исто така, неопходно е да се мотивираат се повеќе млади производители да почнат свои производства и да ја збогатат понудата на пазарот.
“Како градоначалник на Прилеп, градот со богата традиција на производство и продажба на сирење како и надалеку прочуеното биено сирење од мариовскиот крај, им посакав добредојде на сите присутни сточари, млекари, мандраџии, експерти, изложувачи, посетители и гости. Упатувам благодарност за организацијата на Здружението „Слоу Фуд Прилеп“ како и до целата мрежа на „Слоу Фуд Македонија“ за овој фестивал денес посветен на биеното сирење, за кој што и како Општина Прилеп дадовме поддршка со цел промоција на овој наш автентичен производ, кој што би можел на некој начин да биде и двигател на руралниот развој.Посакавме успешно издание и искрено се надевам дека сите заедно можеме да придонесеме за подобра иднина на македонското сточарство и млекарство” – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.
