Остварена координативна средба со претставници на компанијата „Бехтел и Енка“, Јавното претпријатие за државни патишта и Градежниот институт на Македонија
Целта на средбата беше взаемна координација за сообраќајните варијабилни решенија, со конкретни предлози и планови за следните фази од изградбата на автопатот Прилеп–Битола, како дел од Коридорот 10д. “Разговаравме за важноста од поврзување на локалната сообраќајна мрежа со автопатското решение, со јасна регулација на сообраќајот и функционална распределба на движењето во и околу градот. Нашата…
