Започна снимањето на шестата најнова сезона на “Преспав”

Сподели го ова:




Започна снимањето на шестата најнова сезона на “Преспав”. Имено оваа ТВ серија како резултат на својот квалитет се емитуваше на бугарската телевизија БТВ, каде што забележа огромен успех. Исто така епизоди од “Преспав” беа прикажани и во Србија на неколку фестивали за ТВ продукција. Шестата сезона од “Преспав” ќе има вкупно 20 нови ТВ епизоди кои што ќе бидат реализирани во копродукција на ОХО и МРТВ. Од страна на реализаторите се најавуваат големи изненадувања и многу хумор во “Преспав”. Петтата сезона на “Преспав” заврши со пожар во пансионот. Имено “Преспав” како резултат на својот квалитет се развива во комуникациска платформа, а воедно оваа ТВ серија претставува достоен продукциски бренд кој ја претставува нашата држава во регионот.





Сподели го ова:

Слични објави