СЕ ВРАТИЈА ОД САРАЕВО СО ГОЛЕМ БРОЈ НА НАГРАДИ: Прилепското студио за модерни танци “New Generation” уште еднаш го оправда епитетот “најдобра прилепската – урбана група”

Сподели го ова:



















Студиото за модерни танци “Dance studio New Generation” на 29-ти март замина на “ИНТЕР ДЕНС ФЕСТ- САРАЕВО” кој е еден од најдобрите натпревари во Европа. Овој натпревар, се одржа во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, и траеше четири дена. Прилепската урбана група “New Generation” на натпреварот “Интер Денс Фест” – Сараево освои повеќе места и тоа: 

-Нина Димеска во ХИП ХОП соло Кидс, и тоа во  голема конкуренција





Георгина Маркоска прво место во Poping boogie style

-Илијана Јорданоска прво место на Б КЛАС во хип хоп  

-Ангела Матеска второ место

-Христина Стојкоски – трето место

-Марија Ангелвска -четврто место

Што се однесува пак до прилепчанката Илина Ризовска во најголемата конкуренција во хип хоп “А КЛАС” таа стигна до четврт финале. Хриситна Силјаноска освои прво место во “стрит денс јуниор” додека пак втори места со “Стрит денс деца” освоија  Тамара Трајаноска и Деана Стојчсеска. Што се однесува пак до прилепчанката Ангела Талеска, таа се закити со прво место во категоријата во “стрит денс Ц клас”.

Меѓутоа, наградите не запираат тука. Овој прилепски клуб на натпреварот во Сараево освои прво место во формација “опен категорија” и “хип хоп деца”, второ место за категоријата “KIDS DANCERS SO UNITED EUROPE” и категоријата “SECYRIT FORMATION”, а исто така како тим го освоија и третото место во категоријата во “стрит денс”. Која сме кај оваа категорија, Ивана Богојевска го освои второто, а Магдалена Еленоска го освои третото место.  

 Мила Вучкоска, Илина Ризоска и Јана Николоска го освоија третото место во “Хип хоп трио”, а покрај нив, неизбежно е да се спомнат и останатите прилепски учесници кои беа во формации. Станува збор за Андреа Мицеска,Тајла Кукуњац, Михаела Милошеска, Божица Башеска, Марија Тошеска и Михаела Јованоска, кои на сцената несебично го покажаа својот голем талент.



Сподели го ова:

Слични објави