|

Откриена тајната на Кристијано Роналдо

Сподели го ова:




Силвестер Сталоне го продава своето живеалиште во Ла Квинта, Калифорнија, САД, за 3,35 милиони долари. Тоа е за околу 1,15 милиони долари помалку од она што тој го плати за тоа пред повеќе од 10 години.

Вилата во медитерански и тоскански стил има внатрешен простор од 4.889 квадратни метри, четири спални соби и пет бањи. Двокатниот дом, изграден 2008 година, нуди и пространа дневна соба со тавани со двојна висина и камин од камен, трпезарија со тераса, кујна со дрвени ормани, средиштен дел од дрво и камен, сала за појадок и просторија за вино, според описот на Џош Риф од Даглас Елиман, објавен при огласот за продажба.

Кристијано Роналдо е најдобриот стрелец на ова Европското првенство, кога станува збор за групните фази. Роналдо (36) е потполно незапирлив, и покрај годините, самиот тој сеуште е во одлична физичка кондиција. Сето ова е резултат на напорниот тренинг и специјалната диета која што самиот тој постојано ја применува.Тајната на Роналдо во однос на здрав живот ја откри Белгиецот Дауда Питерс од Јувентус кој што понекогаш тренира со Роналдо, па како резултат на тоа знае повеќе работи за Роналдо. Еве што изјави Питерс за Кристијано Роналдо:

“Тој секогаш јаде исто. Брокула, пилешко и ориз. Тој пие литри и литри вода, никако Кока-Кола. Кристијано сака да победи во секое време и на кое било место. Тој ги тера младите играчи да растат. Навистина ве вклучува во сè. Тој не ги прави стомачните вежби од суета, туку затоа што на своето тело гледа како на инструмент за работа. Роналдо не стои пред огледало цело време. Нема време за тоа. Кога тој е во клубот, тој претежно тренира. Тој навистина живее за својата работа. Многу е убаво момче, но во исто време го сфаќа фудбалот многу сериозно. Тој не зборува за ништо друго во автобусот. Ќе биде многу мотивиран против Белгија “-изјави Питерс.

Сликите за оваа објава се превземени од официјална Facebook страна Cristiano Ronaldo





Сподели го ова:

Слични објави