| | |

Нов хит??„Не игнорирај ме, дезинфицирај ме…”

Сподели го ова:


Фото: https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2359562664347532&set=pb.100008814646939.-2207520000..&type=3

После  примерот на “Раке пуке-раке шлаке” од Сања Ристеска, имаме нова песна во сличен ваков стил. Станува збор за Тајна Цинцева и нејзината најнова песна “Ковид и секс”, песна во која се пее „ не игнорирај ме, дезинфицирај ме, мери ми топлина кога ме облива, дегустирај полека, немој на екс…може да е опасно ковид и секс!“

Веднаш после пуштaњето на оваа песна на Youtube каналот, започнаа реакции на социјалните мрежи. Оваа песна засега има само 541 лајкови и над илјада дислајкови, што искрено сметам дека  не е заслужено, бидејќи ваква песна треба да има барем 10.000 дислајкови.  Единствено што вреди кај оваа песна е лицето кое го направи спотот како и авторите на самата песна кои се веќе докажани, меѓутоа зошто ваков докажан авторски тим направил ваква песна, останува да видиме.

Веднаш после објавата на оваа песна на цоцијалните мрежи се појавија голем број на негативни коментарии и зафрканции. Врз основа на ова, пејачката не знаеше што да изјави, па се огласи со својот коментар на нејзиниот Facebook профил:

“Почитувани хејтери

Долго размислував на крајот одлучив да оделам малце време и за вас.

Свесна бев дека незнаете да ја препознаете храброста да се донесат новите трендови кај нас, но ете и овој пат решив да бидам во првите и покрај тоа што знаев на какви коментари ќе наидам.

Ама ако не Ви замерувам, толку Ви е капацитетот да процените и да вреднувате, само не ми е јасно како ги поддржувате естрадните уметници од регионот со овој жарн на музика, а нас домашните не плукате, вреѓате и понижувате, од мене простено Ви е.

На крајот од денот ако не Ви се допаѓа не слушајте и не гледајте, сите ние имаме различни вкусови, а во тоа сум сигурна бидејќи покрај многуте хејтерски коментари, добив дупло повеќе поддржувачки и охрабрувачки коментари, да бидам искрена Ви благодарам и на едните и на другите.

Имало и коментари од типот дека сум ги исмејувала жртвите од Ковид, НЕ НЕ НЕ, како би ги исмејувала кога и јас лично го прележав вирусот, темата на песната е таква се со цел малце позитива да дадеме на се околу ковид вирусот, да ја тргнеме барем на неколку минути негативната енергија!

Ве сака Сања Барби, наскоро се гледаме и дружиме на најдобрите забави!

П. С. Сигурна сум дека на истите често ќе ја барате да ја пеам Ковид и секс”-напиша пејачката на Facebook

Во прилог погледнете ја песната “Ковид и секс”

Насловната фотографија за оваа објава е превземена од https://www.youtube.com/watch?v=BKSAF4W4eN0





Сподели го ова:

Слични објави