|

Каролина Гочева со нов албум

Сподели го ова:


Каролина Гочева со песната „Идила“го најави нејзиниот нов албум кој што ќе излезе оваа есен и претставува нејзин заеднички проект со кој работеше заедно со  Исмаил Лумановски и Дуке Бојаџиев. На социјалните мрежи, Каролина со голема радост ја соопшти ова вест:

Избравме и преработивме 11 од најубавите македонски евергрини од 50ти, 60ти, 70ти години- златната ера на македонската музика, потпишани од некои од нашите најмаркантни автори Драган Ѓаконовски Шпато, Димитар Масевски, Тодор Бојаџиев, Љубомир Бранѓолица… Секако дека планираме и нестрпливо го чекаме денот кога со вас ќе се дружиме и во живо, што ќе се случи во прва прилика штом ќе може да се работи онака како што се работеше до пред појавата на пандемијата. Се надевам дека ќе уживате во овој проект толку колку што и ние уживавме во целиот процес на неговото создава“, напиша Каролина.

Фото: Facebook страна на Каролина Гочева

Исто така и Авалон се пофалија со овој голем музички проект, при што Бобан Милошевски на Facebook страницата на Авалон Продукција објави:

Животот дојде таков да во моментов треба да си прилично глупав за да веруваш во иднина. Реално, ни сегашноста денес worldwide не е нешто wow… Затоа пак, сите ние имаме минато, минато со многу поубави отколку лоши моменти во него. Од тоа минато, најрафинираното македонско, произнесе новава песна на Каролина, Дуке и Исмаил. Нова, а доволно стара да го осетиме сите времето од кое излегла. Чисто, невино, перспективно, убаво. Повеќе од ова би било премногу да се каже. Уживајте во ‘Идила’“, напиша Бобан.





Сподели го ова:

Слични објави