|

Аца Лукас: Пеев дури и кога почина баба ми

Сподели го ова:


Неколку делови од книгата за Лукас протекоа во неколку српските медиуми, меѓутоа најголемо внимание привлекоа оние делови за периодот околу убиството на Зоран Ѓинѓиќ. Во однос на ова Аца Лукас не крие дека самиот тој бил пријател со лицето кое е осудено за убиството на премиерот и дека неколку пати му пеел на приватни прослави. Станува збор за Милорад Улемек Легија. Во Книгата Аца признава дека пеел кога во Србија било ден на жалост за смртта на тогашниот премиер. Во однос на ова Лукас изјавува:

 “Пеев и повторно ќе пеам. Пеев дури и кога почина баба ми”, рече Лукас

Колку за потсетување, Аца Лукас беше уапсен во далечната 2003 година од српското Министерство за внатрешни работи, веднаш  по атентатот врз премиерот во операцијата „Сабја“. Помеѓу стотиците уапсени беше и Цеца Ражнатовиќ.





Сподели го ова:

Слични објави