|

Трки во трчање од 6 до 8 август во Крушево

Сподели го ова:




Во август во Крушево ќе се одржи настанот „Krushevo Trail Chalenge“ кој содржи трки во трчање на планинските предели и најатрактивните локалитети од градот.Се работи за меѓународен настан кој општината ќе го поддржи, а денешната средба со претставник од организаторите потврдува дека летната активна понуда во областа на туризмот се збогатува.„Настанот „Krushevo Trail Challenge“ ќе се одржи во рамки на „When in Krusevo“, односно од 6-ти до 8-ми август и како и сите други настани ние излегуваме со поддршка за истиот. Ова лето се збогатува со содржини и полека но сигурно се враќа на старите богати туристички понуди. Дополнителни содржини подготвуваме и во рамки на „Десет дена Крушевска Република“ . така што август ќе биде еден исполнет период со настани.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски. Настанот е во организација на Ориентациониот клуб Златоврв Прилеп.





Сподели го ова:

Слични објави