Македонската фудбалска репрезентација загуби од Австрија во првиот натпревар од ЕУРО 2020 со 3:1

Сподели го ова:




https://ffm.mk/

фото-ffm.mk

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Австрија во првиот натпревар од ЕУРО 2020 со 3:1. Во 18-тата минута од натпреварот поведе Австрија со голот на  Лаинер со 1:0, за да веднаш после 10 минути, односно во 28-мата минута од натпреварот Горан Пандев да изедначи со 1:1. Со нерешен резултат заврши првото полувреме.

Во второто полувреме преку голот на Михаел Грегорич во 78 минута Австрија го презеде водството, за да во 89 минута преку голот на Арнаутовиќ, Австрија победи со 3:1 .

Како и да е, големо БРАВО за тимот на македонската фудбалска репрезентација.

Тимот на “stanica.mk” и понатаму во текот на ова Европско првенство навремено ќе Ви ги пласира сите спортски информации од прва рака.





Сподели го ова:

Слични објави