Македонецот Евгениј Поп Ацев освои 3-то место на Охридскиот пливачки маратон

Сподели го ова:


Денеска во Охрид во водите на Охридското Езеро се одржа јубилејниот 50-ти Охридски пливачки маратон. Пливачите на овој маратон влегоа во водите на Охридското езеро во 11 часот кај Свети Наум, а првите маратонци на целта на градското охридско пристаниште пристигнаа за речиси пет часа. Временските услови денеска беа комплетно поволни, а температурата на водата изнесуваше 25 степени. Единствен мал проблем за пливачите беше умерениот северен ветар што го брануваше охридското езеро и дуваше спротивно од насоката на пливањето на маратонците. Ова е 35-та трка од возобновувањето на Охридскиот пливачки маратон, а 50-ти пат светската пливачка елита да биде присутна на Охридското Езеро. По 5 часа и 10 минути во Охридското Езеро, французинот Рејмонд Аксел прв стигна до целта. Неговата сограѓанка, Касињол Ошан пливаше 5 часа и 16 минути и беше најбрза меѓу 7-те маратонки. Единствен од македонците кој освои едно од првите три места на овој маратон беше Евгениј Поп Ацев кој го освои 3-то место.





Сподели го ова:

Слични објави