Денеска започнаа натпреварите од шестиот меморијален ракометен турнир „Миле Нешкоски”

Сподели го ова:




​Денешниов беше првиот ден од тридневниот Шести меморијален ракометен турнир „Миле Нешкоски“, во организација на РК Прилеп, за спомен на легендарниот ракометар. Настанот ги буди спомените за еден од најдобрите првотимци на некогашниот Тутунски комбинат, големиот ракометар, спортист и човек. Минаа 10 години од неговата прерана смрт, но сеќавањата не бледнеат. Ракометар кој пленеше со врвна техника, мајсторство од бековската позиција, со голови на чудесен начин – и од најмлак лоб-удар, но пред се исклучително фер-плеј играч. Во негова чест на турнирот настапуваат 6 екипи, во две групи. Во првата се РК Прилеп, РК Струга, Тиквеш (Кавадарци), а во втората Дубочица (Лесковац, Србија), Голден арт КЛ7 (Скопје) и Еурофарм Пелистер 2 (Битола).Чинот на отворањето е пред Универзалната сала, денеска во 16 часот, а првите два меча се во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. Во однос на турнирот денеска забележавме победа на ракометарите на Прилеп на отворањето на турнирот со 26-22, полувреме 12-10 против составот на Струга.





Сподели го ова:

Слични објави