Билетите за фудбалскиот натпевар помеѓу нашата репрезентација и Германија ќе бидат пуштени во продажба од понеделник

Сподели го ова:




Фудбалската репрезентација на Германија за прв пат ќе гостува во Скопје, а сето ова ќе биде вистински фудбалски спектакал за љубителите на фудбалот. Билетите за фудбалскиот натпевар помеѓу нашата репрезентација и Германија ќе бидат пуштени во продажба од понеделник. Предвидено е овој натпревар да се одржи на 11 Октомври во 20:45 часот, а цената на билетите ќе се движи од 100 па до 400 денари. Капацитетот на Националната Арена “Тодор Проески“ врз основа на протоколите ќе може да биде пополнет до 50%, што подразбира дека на трибините ќе може да има најмногу 16.000 гледачи.





Сподели го ова:

Слични објави