|

Ирена Јакимовска – модерна деловна дама која секогаш е во тренд

Сподели го ова:


По што “stanica.mk” се разликува во однос на останатите портали? Па се разбира по уникатноста и стилот. А кога зборуваме за стилот, токму денес имаме интервју со Генералниот менаџер на ДОО “Комфи Ангел”-Прилеп – Ирена Јакимоска. Станува збор за дама со стил, деловна бизнис дама која што секогаш прати се она што е во мода, и се она што е во тренд. За разлика од сите досегашни нејзини интервјуа, нашиот портал ова интервју акцентот го става на нејзиниот стил, уникатноста и модните трендови кои што Јакимоска постојано ги следи.

Интервјуто со Јакимоска го започнавме со нејзиниот дамски-модерен стил кој што го негува со години. Секогаш самата таа знае внимателно да го одбере вистинско парче на облека – во зависност од пригодата.  На нашето прашање дали нејзиниот надворешен, модерен – уникатен стил,  е одраз на нејзината душевна – внатрешна убавина – која самата таа ја крие длабоко во себе, Јакимоска изјавува: ”Тука улога игра емоционалната интелегенција, во однос на тоа да се направи вистинска проценка какво парче е потребно за каква ситуација.  Треба многу да се внимава, бидејќи многу места и настани бараат и протоколарни парчина, меѓутоа и покрај се, секогаш треба да применува елементот на уникатност и на себе – постоење, кое што не може да се наметни од страна на ниту еден светски моден тренд”.

Image preview

Ирена Јакимоска важи за една од најсредените дами во деловниот свет, и секогаш го прати сето она што е ново на модерен план. На прашањето на што се должи сето ова, и кој се грижи за нејзиниот изглед, Јакимоска изјавува дека: Во однос на изборот се грижам сама. До пред појавувањето на пандемијата, како резултат на тоа што мојот брат и дел од семејството ми живее во Лондон, секоја година два пати во текот на годината одев во Англија на шопинг и купував за сезоната пролет – лето и сезоната есен-зима. При самото купување, купувам оддеднаш поголемо количество на облека кое ми дава можност да бидам креативна, бидејќи јас сум заљубена во гардеробата и за мене таа претставува еден вид на уметничко дело. Меѓутоа пазарањето во Лондон иако изгледа бомбастично тоа не е така бидејќи пазарот во Лондон нуди огромна понуда на највисок соодветен квалитет по невидена ниска цена, па купувам поголемо количество на облека за цела сезона како резултат на ниските цени во Лондон. Кај нас во нашата земја, си ограничен во однос на изборот на гардероба, а исто така си ограничен и во однос на цената која е доста висока.

Освен во модата, Јакимоска сака постојано нови предизвици со кои успешно се справува. Спортската историја успешно ја памети и како прва жена во нашата земја која стана претседател на машки Фудбалски клуб.  На прашањето дали самата таа се сложува со оваа констатација, Ирена Јакимоска изјавува дека: Тоа е факт, бидејќи на овие простори многу малку жени се инволвирани во професионалниот фудбал, што секако е грешка од страна на ФФМ, бидејќи самите тие треба да дадат повеќе простор на жените во однос на одлучувачките позиции во спортот, бидејќи така земјата на фудбалски план би имала многу поголеми успеси. Во однос на искуството со фудбалот, признавам дека тоа беше многу пријатно искуство, меѓутоа тежок предизивик со кој тешко некој ќе може да се справи за да го доведи прилепскиот фудбалски клуб на она ниво кој бил некогаш во еден поинаков систем.

Освен за модата и уникатниот модерен стил, во ова интервју стана збор и за Комфи Ангел, и за нејзините почетоци во оваа компанија кои датираат уште од 2004 година. На нашето прашање дали Јакимоска уште на самиот почеток веруваше дека ќе успее да ја направи “Комфи Ангел” успешна компанија, односно тоа што оваа компанија всушност е денес, Јакимоска истакна дека: Јас на почетокот не знаев во што се впушам, само знаев дека сум на вистинскиот пат кој што морам да го поминам како своја мисија, при што на тој пат си ги почитував само поставените знаци кои беа поставени на патот, и верував во успехот на Комфи Ангел – што денес сето тоа и се потврди, па затоа самата филозофија на Комфи Ангел е добра за градот, Општината како и за 1000 вработени кои си го осваруваат правото на работен однос.

Постојано Ирена Јакимоска за своите вработени изјавува дека “успехот на нејзината компанија се должи на посветеноста на нејзините вработени”. Комфи Ангел важи за компанија која што има посебна почит кон своите вработени. На прашањето дали е ова точно, Јакимоска изјавува дека: Имам само еден одговор а тоа е емпатија кон луѓето. Јас ги сакам луѓето, независно на која позиција се, и од каде потекнуваат, а ги сакам и оние кои ме повредиле – а ги има доста. Го правам за доброто на сите, меѓутоа треба да се има и граница, бидејќи луѓето знаат да ја злоупотребат таа можност и слобода.

Денес „Комфи Ангел“ во регионот важи за една од најголемите успешни компании. На нашето прашање – колку труд требаше да се даде за да се постигне сето ова, Јакимоска изјавува дека: За да се постигне успех, потребна е макотрпна работа. Меѓутоа исто така потребна е една етичка-морална работа каде што треба да имате респект како за Вашиот најголем партнер, државните институции и државата, така и за партнерите кои се основачи на компанијата.  Меѓутоа покрај сите овие претходно наведени, многу е битно да имате голем респект врз добавувачите, како и врз човекот како најбитниот капитал

Во јавноста Ирена Јакимоска е позната како личност која што знае секаде да помогне, без разлика дали станува збор за некое социјално загрозено семејство, или пак станува збор за некоја операција во странство. На прашањето колку нејзините родители придонесоа за тоа денес Ирена Јакимоска освен успешна деловна жена, да стане прекрасна личност со големи – искрени чувства, жена која што секогаш е подготвена да помогне онаму каде што потреба, Јакимоска со емоции истакна дека: ”Ова беше слатко прашање. Нормално генетиката си го носи своето. Јас личам на својот покоен татко, а мојата мајка благодарение на тоа што не можела да си го реализира својот работен однос во тој временски период, била принудена 13 години од својот живот мене и на брат ми да ни биде само мајка, а тука лежи доста голем дел од одговорот на ова прашање. Мене, секогаш ми беше нагласувано од страна на моите родители да им помагам на другите, и покрај тоа што ние финансиски живеевме мошне скромно со една плата, меѓутоа сепак благодарение на родителите, јас и брат ми секогаш бевме воспитани во оној правец за да бидеме добри луѓе.”

На крајот од интервјуто акцентот го ставивме на корпоративната општествена одговорност. Комфи Ангел е голема општествена одговорна компанија во регионот која што се јавува и како голем финансиски поддржувач на културно-уметнички настани.  На нашето прашање дали Јакимоска упатува порака до останатите компании дека секоја компанија во зависност од своите можности треба да ја поддржи културата, бидејќи таа е основата во едно културно – уметничко општество, Јакимоска изјавува: Не само културата, и спортот тука би го вклучила, спортот и културата се многу важни за едно општество. Компаниите се фокусираа само на чистите профити, а луѓето кои работат само за профит се чисто сиромашни луѓе. Ние како општество многу малку имаме колективна свест и државотворност спрема нашата земја. Да бидам искрена, нашата земја денес е на ова место бидејќи ние сите треба да се запрашаме што сме направиле за нашата општина и држава. Независно од финансиските приходи сите сме во можност да парципираме во подобрувањето на општеството во кое живееме. Меѓутоа,  на жалост, само неколку компании парципираат во општествената одговорност, и тоа се секаде само истите компании, а покрај Комфи Ангел, како компании кои што постојано парципираат во општествената одговорност се и Витаминка, Мермерен Комбинат и Прилепска пиварница. Сите треба да допридонесуваме за општеството, бидејќи на крајот на денот директно и себе си, ако постојано заеднички не допридонесуваме, си наштетуваме и на својот потомок. Општество без култура и спорт, претставува такво општество кое тешко може да напредува и да оди напред.

На крајот на ова интервју, Јакимоска не поздрави и ни посака се најубаво, онака искрено и топло како што знае нејзината искрена, човечка душа. И затоа, освен талентот кои што во себе го поседуваат ваквите личности, нивната искрена – чиста душа е таа која што овие личности ги претвора во големи луѓе во ова наше општество каде што сите ние заеднички живееме, дејствуваме и работиме.





Сподели го ова:

Слични објави