За најмладите во Прилеп: Симфониска поема „ПЕТРЕ И ВОЛКОТ“

Сподели го ова:




Симфониската поема „Петре и волкот“ е едно од најпознатите дела на рускиот композитор Сергеј Прокофјев и е неизоставен дел од репертоарот на сите симфониски оркестри, особено во театрите за деца. Напишана за наратор и оркестар, чии поединечни инструменти или групи на инструменти ги претставуваат ликовите во приказната. На тој начин, младите слушатели се запознаваат со составот на оркестарот. И овојпат, наратор е миленикот на детската публика, актерот Мартин Јорданоски, кој ќе ги води децата низ авантурите на Петре.Гостувањето на НУ Филхармонија во Прилеп, е поддржано од Министерството за култура и е дел од мисијата да се влијае врз музичката едукација на младите. Најмладите во симфониската поема ќе можат да уживаат во петок на 17 Септември од 19 часот во големата сала во НУЦК Марко Цепенков-Прилеп. Влезниците за концертот се бесплатни, а ќе можат да се подигаат во четврток од 10 до 12 ч. и во петок од 10 до 12 ч. и од 17 до 19.00 часот на билетарницата од Центарот.





Сподели го ова:

Слични објави