Вчера вечерта свечено се затвори МТФ Војдан Чернодрински

Сподели го ова:




Вчера вечерта во 19 часот започна свеченото затворање на МТФ Војдан Чернодрински во прилепскиот театар кој го носи истоименото име. На ова свечено затворање официјално беа доделени годинешните награди на победниците-за кои објавивме во претходните објави. 55-от Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ вчера вечерта го затвори НУ Драмски театар – Скопје со “ДРАМСКИ ЗА КОНЕСКИ”, изведба во која учествуваа првенците на Драмски театар во чест на стогодишнината од неговото раѓање. Оваа нивна изведба претставува омаж за животот и делото на великанот на македонската литература и култура Блаже Конески. Изведбата на НУ Драмски театар – Скопје беше резултат на нивната добиена покана за свеченото затворање на 55-от Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.





Сподели го ова:

Слични објави