Петок во 19.30 часот во прилепскиот театар претставата “Глембаеви“

Сподели го ова:




Глембаеви едноставно не се реалност, туку фикција, евентуално равенство со компоненти на стварност, но со резултати на фикција. Или обратно … глембаевските ликови никогаш не се обидуваат да ја сокријат својата литературна провиниенција. Камо среќа да имавме во времето на таа драма, а и во некогашната наша социјалистичка стварност, така хумани, па и демагошки хумани, добростоечки богаташи наклонети кон духовност од секој вид, од религиска до артистичка, кои на своите синови би им овозможиле повлекување или би им допуштиле бегство во уметничка бесполезност. Да имавме такво нешто, ние денес немаше да бидеме сведоци на анимална акумулација на капиталот и распад на секаква присебност. Режија и адаптација: БРАНКО БРЕЗОВЕЦ, композитор: НИКОЛА МИЦЕВСКИ, сценографија: ИВАНА КНЕЗ, костимографија: СУЗАНА БРЕЗОВЕЦ, тон: TOME TEMEЛКОСКИ, драматуршка соработка: ЛИДИЈА МИТОСКА-ЃОРЃИЕВСКА, соработник на сценографот и сликарски работи: ПЕЦЕ РИСТЕСКИ. Во претставата играат:АНДОН ЈОВАНОСКИ, ДАНИЕЛА ИВАНОСКА, ЗОРАН ИВАНОСКИ, АНГЕЛА НАУМОСКA, ДИМИТАР ЦРЦОРОСКИ,  ИСИДОР ЈОВАНОСКИ, ТРАЈЧЕ ИВАНОСКИ, ИГОР ТРПЧЕСКИ И АНА МИТОСКA.





Сподели го ова:

Слични објави