Настан за паметење вчера пред прилепчани приреди Националната опера и балет

Сподели го ова:


Екипата на “stanica.mk” вчера беше дел од едно големото музичко доживување во Центарот за култура “Марко Цепенков” во Прилеп. Нашата екипа присуствуваше  на еден културно – уметнички настан кој што се одржа според пропишаните здравствени протоколи.  Станува збор за гостувањето на Националната опера, која на прилепската сцена настапи со балетот Болерo.

Од вчерашната изведба на овој културно уметнички настан, може да се заклучи дека истиот е целосно конципиран за да може без никаков проблем да се изведе во овие специфични услови на пандемија. „Болеро“ претставува нова авантура во балетската уметност, односно балет под маски, кој се спроведува без допир и на соодветна дистанца.

Повеќе балерини од ансамблот на „Национална опера и балет“танцуваа непрекинато со маски на сцената во Домот за култура во Прилеп.

Како резултат на ова врвно уметничко дело, прилепчани беа воодушевени од изведбaта на Националната опера и балет. Колку за потсетување, овој настан минатата година беше дел и од културната манифестација “Охридско лето.”





Сподели го ова:

Слични објави