Еве кои се наградените од годинешниот 55-ти Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп

Сподели го ова:




Оценувачката комисија на 55-от Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, во состав: Звездана АНГЕЛОВСКА – претседател и членовите Бајруш МЈАКУ и Александар МИЛОСАВЉЕВИЌ ја објави одлуката за доделување на наградите:

1. НАГРАДА ЗА РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ на Борче Димитријоски за рекламниот материјал од претставата „ЕДВАРД РАЦЕ НОЖИЦИ“ во изведба на НУ Театар за деца и младинци – Скопје,

2. НАГРАДА ЗА КОРЕОГРАФИЈА И СЦЕНСКИ ДВИЖЕЊА на Игор Киров за кореографија и сценски движења во претставата „ЕДИП КОМЕНТАРИ“ во изведба на НУЦК „АцоШопов“ – Театар Штип,

3. НАГРАДА ЗА МУЗИКА на групата Фолтин за музиката во претставата „И КОЊИТЕ ГИ УБИВААТ, ЗАР НЕ?“ во изведба на НУ Народен театар – Битола,

4. НАГРАДА ЗА КОСТИМОГРАФИЈА на Роза Трајчевска–Ристоска за костимите во претставата „МОЈОТ МАЖ“ во изведба на НУ Драмски театар – Скопје,

5. НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА на Ивана Кнез за сценографијата во претставата „ГЛЕМБАЕВИ“ во изведба на Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп,

6. НАГРАДА ЗА СОВРЕМЕНА СЦЕНСКА ДРАМАТИЗАЦИЈА на Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова–Петровска за драматизација на колажот од раскази на Румена Бужаровска во претставата „МОЈОТ МАЖ“ во изведба на НУ Драмски театар – Скопје,

7. НАГРАДА ЗА ТЕКСТ не се доделува,

8. НАГРАДА ЗА МЛАД АКТЕР „ТРАЈКО ЧОРЕВСКИ“ на Исидор Јованоски за улогата Оливер Глембај во претставата „ГЛЕМБАЕВИ“ во изведба на Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп,

9. НАГРАДА ЗА МЛАДА АКТЕРКА на Сабина Мемиши за улогата Олга во претставата „МУРЛИН МУРЛО“ во изведба на НУ Албански театар – Скопје,

10. НАГРАДА ЗА ЖЕНСКА ЕПИЗОДНА УЛОГА на Гентиана Рамадани за улогата Ина во претставата „МУРЛИН МУРЛО“ во изведба на НУ Албански театар – Скопје,

11. НАГРАДА ЗА МАШКА ЕПИЗОДНА УЛОГА „ДИМЧЕ ТРАЈКОВСКИ“ на Горан Стојаноски за улогата Силвестер во претставата „КРИК ЗА ЉУБОВ“ во изведба на НУЦК „Григор Прличев“ – Народен театар – Охрид,

12. НАГРАДА ЗА ГЛАВНА МАШКА улога на Јордан Симонов за улогата Филип во претставата „МОЈ ТЕРМИН“ во изведба на НУ Македонски народен театар – Скопје,

13. НАГРАДА ЗА ГЛАВНА ЖЕНСКА УЛОГА на Наталија Теодосиева за неколкуте ликови во претставата„МОЈОТ МАЖ“во изведба на НУ Драмски театар – Скопје,

14. НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА на Мартин Кочовски за претставата „И КОЊИТЕ ГИ УБИВААТ, ЗАР НЕ?“ во изведба на НУ Народен театар – Битола,

15. НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА на претставата „И КОЊИТЕ ГИ УБИВААТ, ЗАР НЕ?“ во изведба на НУ Народен театар – Битола,

16. НАГРАДА ЗА СЕВКУПЕН УМЕТНИЧКИ АНГАЖМАН И РЕЗУЛТАТ НА АВТОРОТ И АКТЕРИТЕ на претставата „МОЈОТ МАЖ“ во изведба на НУ Драмски театар – Скопје.

Доделувањето на наградите е закажано за вечер во 19:00 часот на сцената во театарот “Војдан Чернодрински”.





Сподели го ова:

Слични објави