До 6-ти Ноември ќе трае годишниот конкурс за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2022 година

Сподели го ова:




До 6 ноември е рокот за пријавување на Годишниот конкурс за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2022 година. Рокот за пријавување е продолжен бидејќи од оваа година, за првпат, аплицирањето ќе се одвива електронски. Со тоа, ставаме крај на оние долгогодишни недостоинствени редици пред Министерството за култура – рече министерката за култура  Ирена Стефоска на денешната прес-конференција по повод објавувањето на Годишните конкурси на Министерството за култура. На веб -страницата на Министерството за култура, покрај електронската апликација, објавени се и општите услови и условите за аплицирање во секоја дејност одделно, а поставено е и видеоупатство за постапката за аплицирање на македонски и на албански јазик. Апликантите, за секоја дилема или проблем при аплицирањето, можат и директно да се обратат на е-адресите на лицата за контакт, како и на телефонските броеви на вработените во Министерството за култура објавени на веб-страницата.





Сподели го ова:

Слични објави