Денеска прилепчани ќе можат да ја погледнат заедничката изложба на семејството Вујисиќ

Сподели го ова:




Денеска прилепчани ќе можат да ја погледнат заедничката изложба на семејството Вујисиќ во Ликовната галерија при ЦК “Марко Цепенков”, со почеток во 13: 30 часот. Мирко Вујисиќ создава визуелен исказ врз чувствител, суптилен колорит во кој се среќаваат и вплотуваат спротивностите помеѓу автоматскиот принцип на бележење на импулсите и воспоставување на рамниште со длабоки лавиринти во сопственото битие. ..Осмисленоста на тој поетски контекст може да се одреди кон потребата да се надмине френезијата на неавтентичното и визуелно го дефинира сопственото промислување на светот и своето место во него…Изложените дела од Лидија Вујииќ се изработени во цртачката техника во пастел. Тематски го заокружува концептот од циклусот насловен како,,НИЕ ВО ОГЛЕДАЛА,, каде што се представени галерија на ликови од професионалните дејности од сфера на културата : музика, актерство и ликовни уметности. Прецизното рушење на различните скалила на типови на реалност изразени преку високи хроматски температури и композиционалната напрегнатост визави композиционалната смираност ги бележат примарните ликовни иницијации кај делата на Марко Вујисиќ. Просторност постанува материја на формалните просторни конструкции, каде визијата и креацијата пробудуваат една нова форма на репрезентирање на пејсажите и урбаните средини.





Сподели го ова:

Слични објави