Денеска пред прилепската публика: “ДА, ИНСПЕКТОРЕ-Претстава со грешки”

Сподели го ова:





Денеска прилепчани со почеток во 19:30 часот во прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ ќе можат да ја погледнат претпремиерата на претставата “ДА, ИНСПЕКТОРЕ-Претстава со грешки”, додека пак премиерата за истата е најавена за утре-петок 22.10.2021 година со почеток во 19:30 часот. Претставата е работена по мотиви на текст од Хенри Џонатан Хенри, а режијата е на Синиша Ефтимови. Во претставата играат: ЧЛЕНОВИ НА ДРАМСКОТО ДРУШТВО ПРЕРОДБАСТОЈАН раководител на драмското друштво, режисер на претставата и го игра инспекторот Хит – ИЛИЈА ВОЛЧЕСКИ
БОБИ го игра Томе Хаџи-Печијарески – ДИМИТАР ЦРЦОРОСКИ
ДУБРАВКА го игра Пеце – КАТЕРИНА ЧАКМАКОСКА КЛИНЧЕСКА
МАРКО ги игра Гоце Бомбола и градинарот Цветко – АЛЕКСАНДАР ТОДЕСКИ
САНДРА ја игра Маре Хаџи-Печијареска – МАРИЈА СПИРКОСКА ИЛИЈЕСКА
ЏОЛЕ го игра Никола Бомбола – МИХАЈЛО МИЛЕНКОСКИ
ЕНИ инспициентка на трупата, – НАТАША НАУМОСКА АЧАНСКИ
ТРАЈЧЕ светло и тон мајстор на трупата – ИГОР ТРПЧЕСКИ
Сценски работници – АНГЕЛА НАУМОСКА, ДИМИТАР ЃОРЃИЕВСКИ

Претставата ќе биде одржана според сите пропишани протоколи од страна на Министерството за здравство.





Сподели го ова:

Слични објави