Велески: “Иднината на Комфи Ангел” е светла бидејќи имаме еден добар и успешен пат по кој чекориме веќе 17 години”

Компанијата “Комфи Ангел” е лидер на пазарот кога станува збор за производството и продажбата на јоргани, перници, заштитници за душеци, како и разни видови на квалитетни постелнини. Оваа компанија исто така е и лидер во својата работа која што се карактеризира со огромна посветеност, вистински начин на менаџирање, мотивирана работна сила, како и одлични човечки ресурси. Минатата недела имавме одлично интервју со главниот двигател на оваа компанија – Генералниот менаџер Ирена Јакимоска, личност од која треба да учат сите оние кои поседуваат претприемачки дух за бизнис, и кои сакаат преку еден правилен начин на менаџирање да постигнат врвни резултати во својата компанија.Тимот на “stanica.mk” секогаш отстапува простор за интервју само за најуспешните, а кога станува збор за најуспешните, денес имаме едно одлично интервју со Филип Велески – кој е успешен менаџер за продажба во компанијата “Комфи Ангел”.
Уште на самиот почеток на интервјуто го запрашавме Велески – Како самиот тој ја дефинира “Комфи Ангел” како компанија, на што изјави дека: “Комфи Ангел претставува компанија која што пред се, се грижи за своите вработени, а сето тоа произлегува од самата визија и мисија на нашата компанија, која гласи: “ГРАДИМЕ КОМПАНИЈА КОЈА ЌЕ ПОСТОИ ПОСЛЕ НАС”.

Кога го запрашавме Велески што е она што му има оставено најголем впечаток кај “Комфи Ангел”, тој ни одговори дека тоа е: “Брзиот раст и развој на компанијата. Започнавме со минимален број на вработени, а денес сме една од најголемите компании во нашата земја, а сето ова претставува таков успех кој никако не смее да биде занемарен, меѓутоа и покрај се, како најголемо богатство на оваа компанија претставуваат вработените”.
Да се работи во “Комфи Ангел” претставува задоволство и привилегија, па врз основа на ова, го запрашавме Велески што е она што го привлече самиот тој да донесе одлука за да работи во “Комфи Ангел”, односно да работи во компанијата која е број 1, кога станува збор за грижата кон сопствените вработени. На ова прашање Велески истакна дека во оваа компанија се вработил пред 7 години, при што надополни дека она што го привлекло да работи во оваа компанија, посебно во секторот за продажба е динамиката на самата компанија, како и комуникацијата со голем број на луѓе од повеќе земји, бидејќи како компанија соработуваат со цела Европа, Северна Африка и Азија, на таков начин што со партнерите на “Комфи Ангел” градат долгорочна соработка, бидејќи успехот на нивните партнери претставува и успех на “Комфи Ангел” како компанија.
Успешната соработка помеѓу секторите и вработените во “Комфи Ангел” е неизбежен дел од работниот процес на оваа компанија. Врз основа на ова, го запрашавме Велески дали се согласува со оваа наша констатација, при што тој изјави: “Целосно се согласувам! Сето ова се должи на соработката помеѓу вработените кои што не прави да бидеме уште поуспешни и уште покоординирани во секој нареден проект на кој што ќе работиме”-нагласи Велески
На прашањето- Колку пандемијата со Ковид 19 нанесе штета на “Комфи Ангел”, Велески изјави: “Почетните рестриктивни мерки кои што ги дoнесе Европа на почетокот на оваа пандемија ни го заспорија извозот, а затворањето на границите на одредени земји ни предизвика застој во самиот извоз. Меѓутоа и покрај се, сметам дека добро се носевме со самата здравствена криза, при што може да се заклучи дека во овој период со ковид кризата кој се надеваме дека за брзо ќе помине, “Комфи Ангел” добро се држеше на едно одлично компаниско ниво, и покрај сите проблеми со кои се соочи нашата компанија за време на корона кризата”.
На прашањето – Кои се предностите да се биде дел од тимот на “Комфи Ангел”, Филип Велески истакна дека: “Постојат голем број на предности. Да се работи во “Комфи Ангел” секогаш претставува чест и задоволство, бидејќи овдека постојано задоволство e да се работи бидејќи никогаш како компанија не стоиме во место, со оглед на тоа што 99% од производството е наменето за извоз во странство. Со други зборови знаеме дека пазарот постојано се движи а сето тоа бара нови предизвици со кои што постојано се соочуваме. Што се однесува до можноста за унапредување и надоградување на вработените, во оваа компанија таквата можност е реална и огромна” – нагласи Велески.
На прашањето каде Велески во наредниот период ја гледа “Комфи Ангел”, самиот тој мошне јасно, кратко, убедливо и прецизно нагласи дека: “Иднината на компанијата е светла бидејќи имаме еден добар и успешен пат по кој чекориме веќе 17 години”.
Да токму така! Иднината на оваа компанија е светла, бидејќи благодарение на сите вработени во кои се вбројува Филип Велески, како и на огромниот вонсериски труд кој што Генералниот менаџер Ирена Јакимоска го даде за оваа компанија, денес “Комфи Ангел” испишува една успешна приказна за компанија која што одлично работи, нуди голема посветеност кон своите вработени, а за нивните потрошувачи ширум целиот свет нуди одличен, совршен и незаменлив квалитет на нивните производи.
Тимот на “stanica.mk” Ви посакува голем број на нови успеси и достигнувања во блиска иднина, а за се она што е ново, секогаш Ви стоиме на располагање за да ја информираме јавноста за најновите деловни случувања и успеси, а тоа е и нормално – бидејќи ние како “stanica.mk” претставуваваме прва станица на интернет каде што најбрзо пристигнуваат вистинските информации за нашите читатели, како и портал кој што официјално преку видео најава, е поддржан од голем број на музички ѕвезди како што се Миле Кузмановски, Јоце Панов и многу други.