Бранко Карески: “Ние работиме за задоволството на нашите патници”

Сподели го ова:


За читателите на моментално најатрактивниот информативен – забавен портал “stanica.mk”,  кој што официјално е поддржан од голем дел од најголемите музички ѕвезди како Миле Кузмановски, Јоце Панов и многу други, во прилог следува едно одлично интервју за она што е моментално најатрактивно, а тоа се летните годишни одмори. За таа цел, направивме едно интересно интервју со г-дин Бранко Карески кој што е сопственик на најатрактивната туристичка агенција во нашата земја, а тоа е Туристичката агенција “Бран”-Прилеп.

Уште на почетокот на ова интервју, г-дин Бранко Карески го навративме на неговите почетоци од 1992 година, односно разговорот го започнавме со  тоа како се случи самиот тој да донесе одлука за отворање на туристичка агенција?

Нашата агенција постои долго време, постои уште од далечната 1992 година и полека но сигурно се развиваме, и за нашите патници нудиме вистински, сигурен квалитет. На почетокот, почнавме со еден вработен, а сега сме вкупно петнаесет вработени, при што сето ова е доказ дека сме на вистинскиот пат. За нашиот квалитет ние многу не зборуваме, за нас зборуваат нашите патници кои постојано задоволни од нашата понуда и нашата услуга, секогаш кога планираат да патуваат се враќаат кај нас. Инаку одлуката за отворање на оваа агенција ја донесовме бидејќи во тој период во 90-тите години ситуацијата од финансиски аспект во целата држава не беше баш сјајна. Јас завршив правен факултет, меѓутоа бидејќи во тој временски период не можеше лесно да се најде работа со мојата струка, па врз основа на тоа отворив Агенција за посредување и недвижности, а потоа започнавме и со посредување во однос на  туристички аранжмани. Така почна нашата приказна, приказна која успешно трае долги  години.

Постојано истакнувате дека за успешната работа и развој на Вашата туристичка агенција најзаслужни се Вашите вработени кои што многу професионално и доследно ги извршуваат своите обврски. Дали сеуште стоите на овој став?

Нормално. Зад секоја една фирма мора да има добра екипа. Ако правилно се изберат работниците и ако има една добра, стабилна и професионална екипа,  тогаш сите кое што се дел од самата работна средина ќе функционираат како  едно семејство, при што единствено само во такви услови за сите ќе има напредок. Ние секогаш се трудиме нашите вработени да бидат високо стручни во областа на туризмот, а имаме и професионални возачи кои ги поседуваат сите лиценци, со други зборови ние го имаме квалитетот кога станува збор за човечките ресурси, а тоа е најбитно.

Туристичката агенција “Бран” поседува лиценца „А“…Тоа значи дека оваа агенција го има достигнато врвот во однос на понудата на туристички услуги?

Да точно така. Ние имаме лиценца А”. Разликата од агенцијата која има лиценца А и агенциjа која има лиценца Б”, е во тоа што Агенцијата со лиценца А има вработени кои познаваат меѓународни јазици, а воедно на истата, како резултат на тоа што ги исполнува сите услови, и се дава дозвола освен на домашен, да работи и на меѓународен туристички пазар. Врз основа на тоа што на пазарот имаме конкурентски квалитетни туристички услуги, и врз основа на тоа што имаме квалитетен обучен и образован тим кој што работи во нашата туристичка агенција, ние заслужено се вбројуваме во редот на најдобрите туристички агенции со лиценца А.

            Кога сме кај автобусите со кои што располагате, секогаш располагате со високо квалитетни автобуси кои што ги задоволуваат барањата на Вашите клиенти?

Нормално, квалитетот е најбитен. За да еден клиент повторно ни се врати, патникот треба да биде задоволен од самиот процес на патување, а воедно и од самата програма. Располагаме со високо квалитетни туристички автобуси кои ги задоволуваат барањата на нашите клиенти, кои што како резултат на нашата одлична услуга, секогаш повторно одново ја одбираат нашата агенција кога патуваат на некое следно патување. Ние имаме сопствени автобуси, а тоа го правиме заради конкуренцијата на пазарот, се со цел да правиме секакви туристички аранжмани со сигурна реализација без никакво откажување, а ние сме познати на ниво на цела земја бидејќи ретко откажуваме некоја тура, бидејќи располагаме со превозни средства кои можат да превезат и 100 и 10 лица. Ние пред се работиме за задоволството на клиентите. Не гледаме секогаш да бидеме во добивка, некогаш сме и во загуба, меѓутоа секогаш пред се, нашите клиенти не сакаме да бидат извисени во однос на тоа што е договорено со нас како туристичка агенција. Во денешни услови комодитетот на авионите е полош и од автобусите, бидејќи овие современи автобуси кои ние ги имаме нудат и поголем комодитет и удобност од евтините авионски летови.

Дали главна и идејна цел на агенцијата е развојот пред се на домашниот и странски туризам, преку организирање на патувања во Европските метрополи (ученички екскурзии, екскурзии за работници, крстарења, и се разбира летувањата до најпознатите летувалишта во земјата и странство?

Нашата агенција нуди секаков вид на туристички аранжмани, буквално баш се. Последниве години се подигна културата кај граѓаните, при што речиси секогаш од страна на граѓаните има барање за викенд патување во нашата земја, па како резултат на тоа за да им излеземе во пресрет и на овие т.н. викенд барања, започнавме со туристички викенд понуди за Охрид, Лесноски Манастир, Смоларските водопади и слично. Последните години започнаа и еднодневните екскурзии. Освен летувањата, луѓето се почесто одат и на зимување, а тоа значи дека граѓаните ја подигнале својата општа култура. Ние постојано правиме нови аранжмани, уникатни аранжмани кои не ги прават останатите туристички агенции. Ние правиме крстарења со Крузерите,тоа е доста атрактивно, за некоја поволна сума за крстарење може да се оствари пооргинално и поуникатно патување, а сепак самото доживување да биде впечатливо. Правиме тури и за Америка. Нашата агенција е доста универзална, бидејќи ние сакаме сите да се задоволни и да ја испочитуваме секоја желба на нашите патници и клиенти.

Туристичка агенција „Бран“ исто така издава и патничко осигурување на секој оној што мисли да патува, независно дали користи превоз од агенцијата или сопствен превоз.Како се одлучивте во Вашата понуда да воведете ваква услуга за Вашите клиенти?

Порано патничкото осигурување важеше само за издавање на визи при патување во Европа, па врз основа на оваа пракса, патниците кога патуваат вадат и патничко осигурување. Ние сме врвна агенција која ги исполнува сите стандарди и процедури во интерес на патниците.

Кои понуди се најактуелни за ова лето?

Долги години нашите граѓани својот одмор го поминуваат во Грција. И годинава најголем е интересот за Грција, меѓутоа поради здравствените протоколи за влез во Грција во однос на Ковид мерките, треба да се вади и брз тест. Меѓутоа покрај тоа што Грција е најактуелна дестинација за ова лето, интересот е намален во однос на минатите години, меѓутоа како резултат на тоа се зголеми интересот за летување во Албанија и Црна Гора бидејќи во овие земји не се бараат никакви тестови. Меѓутоа во нашата понуда имаме и аранжмани и за атрактивната Турција, земја за која исто така има голем интерес за летување од страна на нашите граѓани.

Како експерт за туризам, сакам да Ве прашам што мислите за туризмот во нашата земја? Кои предности ги нуди и што му недостасува?

Ова ми е најомилено прашање. Ние навистина имаме прекрасни природни богатства кои што не знаеме да си ги цениме. Ние имаме манастири какви што нема никаде во светот. Кај нас недостасува инфраструктурата. Не само за туризмот, туку и за економијата најбитна е инфраструктура, при што не може во ова време да привлекуваме странски туристи. Ние врз основа на нашето искуство ќе ги доведеме странските туристи еднаш – тука кај нас во оваа земја, меѓутоа тие после кога ќе ја видат реалната состојба тешко дека некогаш ќе се вратат.  Моментално возиме полски туристи низ нашата земја. Ние имаме прекрасна земја, природни убавини, историски и културни локалитети, меѓутоа не знаеме да ги одржуваме. Треба многу повеќе да се вложува во инфраструктурата за да ни успее и домашниот туризам.

Ако сеуште се немате одлучено каде да заминете ова лето, тогаш дојдете во најдобрата Туристичка Агенција “Бран” која што се наоѓа во населба Точила во Прилеп, или контактирајте ги на телефон 071/ 906 – 407 и 048/ 411 – 188. А зошто во Бран?? Бидејќи како што знаете и сами, тие имаат најбогата туристичка понуда за било кој период во годината, и нудат туристички аранжмани по најприфатливи и најниски цени на пазарот, а за возрат на тоа нудат високо квалитетна туристичка услуга, каква што не нуди никој друг на туристичкиот пазар во нашата земја.





Сподели го ова:

Слични објави