Во Прилеп – превисоки цени за порција на свадби

Сподели го ова:


Со олабавување на мерките, од 1 јуни дозволено е организирање на свадби под посебни протоколи на отворено, како и свадби со музика. Меѓутоа цените на порциите за свадбите по прилепските ресторани драстично се зголемија. Иако пред короната најефтината свадбена порција во ресторан или хотел беше од 12 евра-па нагоре, денес таквите цени не постојат, односно речиси таквите цени се минато.

Сега за истата таа порција, цената се зголеми за најмалку 8 евра, и цените по порција  сега се движат од 20 евра-па нагоре. Врз основа на ова, постои голем револт кај идните прилепски брачни парови. Како што истакнуваат за нашиот портал stanica.mk,  ваквите цени се прескапи, и искрено самите тие сметаат дека угостителите иако претходно “молеа” да се отворат свадбите за да заработат некој денар, сепак сега тие се оние кои одеднаш сакаат без речиси многу труд да заработат онолку колку што заработувале пред да се појави короната, односно да заработат онолку колку што порано заработувале кога ја полнеле цела свадбена сала.

Меѓутоа, кога контактиравме неколку прилепски угостители, самите тие се правдаат дека таквата цена се должи на фактот дека на една голема свадбена маса, наместо 12 лица-врз основа на новите здравствени протоколи, можат да седат само неколку гости, па како резултат на сето тоа цените за свадбените порции се повисоки. Меѓутоа нашиот портал stanica.mk како најактуелен портал во регионот, дирекно без страм-и без трошка грам, сака да ги запраша-дали сето тоа што го правите во однос на цените за свадбените порции е чесно??  Угостители, само сетете се-како Ви беше речиси 18 месеци без скршен денар. Преиспитајте се, и намалете ги цените за свадбените порции!





Сподели го ова:

Слични објави