|

Земјотрес со јачина од 5,9 степени во Олимпиското село

Сподели го ова:




Вчера околу 22 часот во Јапонија земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтер вкупно триесет секунди го тресел брегот на префектурата Ибараки. Епицентарот бил на 40 километри од брегот на Јапонија. Врз основа на податоците, земјотресот бил почувствуван и во Олимпиското село, меѓутоа не била причинета некоја поголема штета. Како резултат на оваа појава се појавило мал страв помеѓу спортистите и новинарите. Меѓутоа Јапонците при изградба на Олимпиското село во предвид земале буквално баш се, па како резултат на тоа Олимпиското село е изградено да издржи природни катастрофи и земјотреси, бидејќи при изградбата вметанти се гумени перничиња кои ги апсорбираат вибрациите од тресењето.





Сподели го ова:

Слични објави