Задолжителна вакцинација на сите вработени или негативен ковид тест за вработените??

Сподели го ова:




Претседателот на САД- Бајден ги објави новите мерки врз основа на кои што во САД за да се работи во една компанија, ќе биде потребна задолжителна вакцинација на сите вработени или негативен ковид тест за вработените-а ваквите мерки се однесуваат за компаниите кои имаат над 100 вработени. Врз основа на предвидувањата, се очекува ваквите мерки да влијаат на две третини од сите вработени во САД. Досега во САД, целосно се вакцинирани околу 53% од американските граѓани, па како резултат на сето ова Бајден ја даде следнава изјава: “Бевме трпеливи, но нашето трпение е при крај и вашето одбивање да се вакцинирате многу не чинеше нас останатите”-нагласи американскиот претседател. Да се надеваме дека ова нема да се случи и во нашата земја.





Сподели го ова:

Слични објави