Третата доза на вакцина од Фајзер штити и од делта и од бета сојот

Сподели го ова:




До Американската администрација за храна и лекови (ФДА), Pfizer и BioNTech доставија првичен извештај врз основа на кој што се потенцира дека третата доза на вакцината е исто така ефикасна во однос на заштита од новите појавениваријанти на коронавирус. „Со оглед на високото ниво на имунолошки одговор што го забележавме третата доза администрирана шест до 12 месеци по примарната вакцина може да помогне да се одржи високо ниво на заштита од ковид-19“, е напишано во извештајот на самата компанија. Експертите-вработени во во Pfizer веруваат дека оваа трета доза ќе биде потребна што поскоро, меѓутоа американските здравствени експерти не го делат нивното мислење бидејќи сметаат дека се уште нема да има потреба од тоа. Врз основа на првото истражување, третата доза од Фајзер е ефикасна против оригиналната варијанта на Ковид 19 како и против мутациите на овој вирус.





Сподели го ова:

Слични објави