|

СЗО со поддршка за земјите сами да ги произведуваат вакцините

Сподели го ова:


Ќе бидат потребни голем број на дополнителни студии, се со цел за да биде утврдено потеклото на корона вирусот, меѓутоа и покрај се, научниците се тие кои што бараат да работат во т.н. деполитизирана средина,  каде што политиката ќе стои на страна, а здравството и науката ќе бидат објективни.

Пред околу десетина дена СЗО повика на забрзано вакцинирање пред почетокот на туристичката сезона. Процесот на имунизација, засега се одвива со едно бавно темпо, а исто така неправилно се доставуваат вакцините за корона, па како резултат на сето ова СЗО предлага земјите сами да почнат со локално производство на вакцините против корона, меѓутоа за ваквиот чин е неопходна  помош и меѓусебна соработка.

Како што изјавува Директорот на СЗО Тедрос Гебрејсус- за локалното производство е важно да се има глобална резолуција и план, меѓутоа клучот го сочинува меѓусебната работа на земјите. Најновите предупредувања од страна на СЗО напоменуваат дека пандемијата не е завршена, и дека таа ќе заврши кога ќе биде најмалку вакцинирано 70% од населението.





Сподели го ова:

Слични објави