Продадено и пресадено првото вештачко срце од биопластика за повеќе од 150.000 евра

Сподели го ова:


Продадено и пресадено е првото вештачко срце од биопластика од страна на Француската компанија „Карма“. Ова срце е пресадено во болница во италијанскиот град Неапол на еден пациент. Процесот на трансплатација бил  спроведен од страна на тим од врвни лекари кои биле предводени од хирургот д-р Чиро Маиел во болницата „Азиенда оспидалиера деи коли“. Инаку оваа болница е еден од центрите кои имаат најголемо искуство во Италија кога станува збор за вештачките срца. Ова вештачко срце има добиено дозвола од ЕУ за продажба во декември минатата година. Продажбата на вештачкото срце „езон“ претставува голема пресвртница која што отвора едно ново поглавје во развојот на француската компанија „Карма“. Во однос на цената, ова вештачко срце чини повеќе од 150.000 евра





Сподели го ова:

Слични објави