Пожар во вилата на Бијонсе
Во Њу Орлеанс избил пожар во куќа за која се смета дека е во сопственост на раперот Џеј Зи и пејачата Бијонсе. Оваа куќа има вредност од 2,4 милиони долари. Врз основа на добиените податоци сопственикот на недвижноста е поврзан со компанијата „Parkwood Entertainment“, компанија чиј основач е пејачката Бијонсе. Полицијата мисли дека пожарот е подметнат, бидејќи кога пристигнале била пронајдена канта за бензин.

