|

После 24 години го пронашол својот син

Сподели го ова:




Киднапирањето деца во Кина претставува голем проблем, при што годишно неколку илјади деца се предмет на киднапирање..Кинезот Гуо Гангтанг ја потрошил цела заштеда за да го најде сопствениот син кој бил киднапиран пред 24 години во провинцијата Шандонг. Гуо Гангтанг поминал околу 500.000 километри со мотор во повеќе кинески провинции, лепејќи плакати со фотографии од ликот од неговото  дете. Врз основа на тоа овој кинез ја потрошил целокупната сопствена заштеда, па нема друг избор освен да спие под мостови, а кога ги потрошил и последните пари започнал и да проси. Гуо Гангтанг барајќи го своето дете станал истакнат член на кинеска организација која што се занимава во однос на трагање по исчезнати деца. Случајот со киднапирањето на неговото дете во 2015 година послужи како мотив за филм. Министерството за јавна безбедност на Кина соопшти дека е пронајдено  киднапираното дете, при што подоцна биле пронајдени и уапсени двајцата осомничени за киднапирање.

 





Сподели го ова:

Слични објави