Поради нечистотија повлечени се новите серии на вакцината на Модерна во Јапонија

Сподели го ова:


Во Јапонија од почетокот на појавата на Ковид 19 се регистрирани околу 15.800 смртни случаи. Вчера, локалните власти на Окинава ја повлекоа од употреба вакцината на американската компанија Модерна против Ковид-19,  откако самите тие открија нечистотија во затворените ампули на вакцината на претходно наведената компанија. Инаку пред два дена, од страна на властите во Токио беше најавено отворање на истрага за смртта на двајца мажи кои примиле вакцина од вакцината на Модерна од серијата што неодамна е повлечена од употреба. Во Јапонија цели 44% од населението е вакцинирано против корона, но и покрај тоа делта сојот со мошне голема брзина се шири во оваа земја. Исто така во Јапонија пред речиси четири дена беа повлечени 1,63 милиони дози од вакцината на Модерна по информациите за присуство на нечистотија.  





Сподели го ова:

Слични објави