Почина човек од беснило

Сподели го ова:




Од округот Лејк во вторникот објавија дека од беснило починало 80-годишно машко лице-објави  Одделот за јавно здравје на Илиноис. Претходно наведеното лице  е починато повеќе од еден месец, откако изјавило дека кон средината на август, самиот тој бил нападнат од лилјак кој го каснал за неговиот врат. Случаите на беснило се ретки, па така да во светот на годишно ниво има од еден до максимум три случаи.  Претеходно наведениот случај со 80 годишното лице е прв случај во државата на оваа болест-после 1954 година. Беснилото претставува таква болест која што се карактеризира со една од највисоките стапки на смртност бидејќи речиси 100% од пациентите кои ќе почувствуваат симптоми умираат за само неколку недели, меѓутоа кога жртвата ќе почне да покажува симптоми, во најголемиот број на случаеви е предоцна да ја спасат. Денеска постои вакцина против беснило и повеќе третмани за лекување кои што можат да спречат смрт кај пациентите, меѓутоа потребниот третман треба да биде даден веднаш откако жртвата ќе се изложи на оваа болест.





Сподели го ова:

Слични објави