Оставил бакшиш од 16.000 долари!!!
Порачал само два хот-дога, помфрит и пијалок и платил цели 16.000 долари во “Stumble Inn Bar and Grill”, во градот Лондондери. Келнерите во Stumble Inn Bar and Grill, веднаш ја забележале астрономската сума наменета за бакшиш која што ја дал непознатиот клиент. Oвој непознат клиент кога ја плаќал сметката со банкарска картичка, на келнерот му рекол: „Не трошете го одеднаш… „Сакам да те наградам, работиш напорно“. Келнерот бил изненаден од оваа огрома сума бидејќи таму во земјата е вообичаено да се остават од 15 до 20 проценти бакшиш за услугата на персоналот.

