Од работниците се бара да покажат доказ за вакцинација до 22 октомври за да останат на работа

Сподели го ова:


Задолжителна вакцинација за сите вработени во Дизниленд на Флорида! Имено, Дизниленд ќе бара сите вработени да бидат целосно вакцинирани против Ковид 19, а ова е единствениот услов за да вработените во Дизниленд ги задржат своите работни места во најатрактивниот забавен детски парк. Станува збор за договор кој што пред некој ден бил постигнат со синдикалното здружение. Врз основа на ова, од вработените во Дизниленд ќе се бара да приложат доказ за вакцинација и тоа најдоцна до 22 октомври оваа година, а сето ова претставува услов за да вработеното лице остане на работа. Меѓутоа во соопштението на синдикатото се вели дека  вработените можат да побараат ослободување од вакцинација против Ковид 19 од верски или медицински причини.

Фото-илустрација: Facebook страна на Walt Disney World





Сподели го ова:

Слични објави