|

Измислено е идејно решение за да нема жртви при авионските несреќи

Сподели го ова:


Авионскиот сообраќај се смета како најбезбедно превозно средство, меѓутоа во случај на несреќа, смртта е речиси 100%, при што ретко кој што некој во такви случаеви може да преживее.

Измислено е идејно решение во однос на проблемот со безбедноста во авионите, барем вака изјавува  украинецот Владимир Николаевич Татаренко. Имено, овој украинец смислил идејно решение со помош на кое што ќе може да се реши проблемот со безбедноста во авионите, при што на ваков начин ако овој негов проект оживее, тогаш во таков случај при можно паѓање на авиони ќе бидат спасени многу животи.

Научникот Татренко во светската јавност стана посебно актуелен откако објави дека самиот тој дизајнираше таков авион кој што би имал монтажна кабина за патници. Основната намена на оваа идеја е спасување на човечки животи при авионски несреќи.

Станува збор за кабината која во случај на несреќа би се одделила од носот на авионот и се исфрлила со падобран на земја. На ваков начин ќе бидат активирани т.н. воздушни бази, при што самото паѓање не би било грубо. Сето ова е само предлог, меѓутоа ако ваквата идеја целосно се реализира во пракса, тогаш во таков случај би настанала вистинска револуција во однос на безбедноста при летањето со авион.





Сподели го ова:

Слични објави