Европската агенција за лекови се очекува да одобри уште четири антиковид вакцини меѓу кои и вакцините од Кина и Русија

Сподели го ова:




Европската агенција за лекови се очекува до крајот на оваа година најверојатно да препорача уште четири вакцини меѓу кои и оние произведени од Кина и Русија, да бидат целосно одобрени за користење во Европа. Марко Кавалери-шефот на одделот за стратегија за вакцинација при ЕМА, беше тој кој што нагласи дека Агенцијата ги разгледува резултатите од вакцините кои што се произведени од страна на американската компанија Новавакс и германската фармацевтска компанија КјурВак. Исто така шефот на одделот за стратегија за вакцинација при ЕМА потенцираше дека моментално конструктивни се разговорите како со руските, така и кинеските производители на вакцини.





Сподели го ова:

Слични објави