Ново во Прилеп: Полиција на Велосипед

Сподели го ова:




Полицијата на велосипед составена од страна на полициски службеници при ОВР Прилеп, е најновото нешто во Општина Прилеп, и нивната улога е да го зголемат редот и мирот низ градот, посебно во оние делови каде што најчесто се движат младите во Општина Прилеп. Полициските служби насекаде низ целиот свет го применуваат велосипедот поради неговите карактеристики кои на полицијата и дозволуваат полесно да ги спроведува своите задачи и должности во градските средини. Со овие велосипеди полицијата ќе треба да биде подостапна за граѓаните на Општина Прилеп.





Сподели го ова:

Слични објави