| | |

ЗОШТО ОТИДЕ?? ТОЧНО ЦЕЛИ 14 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА ТОШЕ ПРОЕСКИ

Сподели го ова:




Цел Балкан, и цела наша земја денес се сеќаваат на Тоше Проески кој што точно на денешен ден пред 14 години го загуби животот во сообрајќајната несреќа која што се случи кај Нова Градишка, на патот кон Загреб. Тоше беше, и сеуште остана наш-ЕДЕН И ЕДИНСТВЕН. Неговиот живот заврши точно пред 14 години на денешен ден 16.10.2007 година, во годината која што Тоше одбележуваше 10 години успешна кариера. Останаа да говорат само спомените за едно убаво време, време кога го имавме Тоше, нашиот Тоше, оној скромен-преспособен дечко за кого песната и животот му беа ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ. Тодор Проески – Тоше е роден на 25 јануари 1981 и својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ (1992) каде испеал песна на влашки јазик. Музичката кариера ја почна со победата на „Мелфест“ во Прилеп, во 1997 година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004 ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ. Објави седум албуми – неколку и во превод на српски/хрватски јазик. Последниот – „Игри без граници“ беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт, кој беше хуманитарен и за подобрување на условите во образованието во Македонија, го одржа на Градскиот стадион на 5 октомври 2007.Темата “Усни на усни” на авторите Григор Копров и Огнен Неделковски, изведена на охридскиот фестивал “Охридски трубадури” во 1998 година, е негов прв голем радиски хит. За таа песна Тоше ја добива втората награда од жирито на овој реномиран фестивал. Во ноември истата година Тоше ја добива наградата “Гран при” на фестивалот “Еврофест” во Скопје за антологиската “Сонце во твоите руси коси” на авторите Григор Копров и Огнен Неделковски. Во февруари 1999 година тој ја добива наградата за откритие на годината на првата “Златна буба мара на популарноста” и предизвикува вистински делириум меѓу публиката во Универзалната сала. Истата година, некој месец подоцна, на Скопскиот фестивал Тоше го пее својот трет голем хит “Твоите бакнежи на моите бели кошули” на тандемот Копров – Неделковски. Веднаш потоа го потпишува својот прв договор со продукцијата Авалон и набрзо го снима својот прв спот за темата “Твоите бкнежи на моите бели кошули”. Авалон во 1999 година го издава деби-албумот на Тоше “Некаде во ноќта”. Летото истата година, Тоше го одржува својот прв концерт на Лизгалиштето во Скопје. И покрај дождот и лошото време, овој концерт останува незаборавен за неговите обожаватели.Во 2000 година Тоше учествува на “Скопје фест” (на кој се избира македонскиот претставник на “Евровизија”) со песната “Солзи прват златен прстен” на тандемот Копров – Неделковски. Песната, и покрај тоа што победува на телевизиското гласање, на крајот го освојува третото место, зад Каролина Гочева и победниците XXL. Во овој период почнува да ги снима и песните за својот втор албум “Синот божји”. Вториот албум на Тоше е промовиран во јуни 2000 година. Албумот ќе даде голем број хитови во опусот на Тоше, како “Немир”(дует со Каролина Гочева), “Во коси да ти спијам”, “Излажи ме уште еднаш”, како и “Илузија” и “Тајно моја”. Освен Копров и Неделковски, на овој албум Тоше соработува и со Кире Костов, Миодраг Врчакоски, Мирјана Данаилоска и други. Со темата “Тајно моја” на Кире Костов и Огнен Неделковски, Тоше го прави првиот вистински пробив на Балканот, освојувајќи го второто место на фестивалот “Сунчане скале” во Херцег Нови, Црна Гора. “Тајно моја” победува и на престижниот фестивал “Славјански базар” во Белорусија. Српската продукциска куќа “БК Саунд” ги откупува правата за издавање на албумот на Тоше на просторот на поранешна Југославија, кое, пак, резултира со “Оскар на популарноста” на просторот на поранешните југословенски републики за 2000 година.

„СУШТИНАТА НА ЖИВОТОТ Е ДА СЕ САКА, ДА ИМАШ НЕКОЈ ШТО ТЕ САКА, ДА СИ СИГУРЕН ДЕКА ТЕ САКА И ДЕКА Е САМО СО ТЕБЕ.“ – ТОШЕ ПРОЕСКИ

Тодор Проески – Тоше е роден на 25 јануари 1981 година во Прилеп, како второ дете на Никола и Доминика Проески. Основно училиште завршува во Крушево, а средно во Средното музичко училиште во Битола. Студира на Факултетот за музички уметности во Скопје. Уште од мал Тоше покажува извонредни вокални квалитети. Неговиот талент првпат е забележан на детскиот фестивал “Златно славејче” во 1992 година, на кој настапува со песната “Јас и мојот дедо”, испеана на влашки јазик и компонирана од Христо Христовски – Муларот.

„НЕ САКАМ ДА МИ СИМНУВАТЕ КАПА. САМО САКАМ ДА СЕ ГОРДЕЕТЕ СО МЕНЕ.“ – ТОШЕ ПРОЕСКИ

Својата музичка кариера ја започнува на фестивалот “Мелфест” во Прилеп, каде во 1997 победува за изведбата на “Yesterday”. Истата година учествува и на “Макфест” со композицијата на Горан Милошески и Сузана Гркова “Пушти ме”. Во 1998 година настапува на Скопскиот фестивал со темата на Кристијан Габроски “Остани до крај”.





Сподели го ова:

Слични објави