Значително зголемен интерес за вакцинација меѓу граѓаните како резултат на новите мерки

Сподели го ова:




Во државава е забележан значително зголемен интерес за вакцинација меѓу граѓаните. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, вакцинирани се над 540.000 граѓани.Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постојните вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување термини за вакцинација на децата.  Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смтрен исход од истата.





Сподели го ова:

Слични објави